На 9 и 10 април 2019 година во Ашгабат, Туркменистан, присуствуваше на СЗО европска конференција на високо ниво за незаразни болести : Време за испорака - остварување на целите за незаразните болести и воспоставување на одржливи развојни цели во Европа.
На конференцијата учествуваа над 350 министри, високи претставници од СЗО и национални координатори од 53 европски земји. Главниот фокус беше поместување од ниво на земја до интернационално ниво преку планирани акции, сѐ до постигнување на поставените цели до 2030 година. Конференцијата адресираше како да се имплементираат новите одлуки донесени со политичката декларација на третата средба на високо ниво за незаразни болести на Обединетите нации, за вклучување на менталното здравје и загадувањето на воздухот во агендата на незаразни болести.
На посебната сесија за ментално здравје, проф. д-р Ленче Милошева ја претстави новата Национална стратегија за заштита и промоција на менталното здравје на Република Северна Македонија, во чијашто изработка учествуваше и таа. Исто така дискутираше за можностите за имплементирање на скринингот на ментални болести, посебно кај коморбидитети со незаразни болести, и креирање на база на податоци во примарната здравствена заштита со цел креирање на емпириски базирани превентивни и интервентни програми. Таа ја нагласи улогата на науката и меѓународната научна соработка за постигнување на поставените цели до 2030 година.