Првиот доктор на науки на третиот циклус на Факултетот за медицински науки

На Факултетот за медицински науки се одржа првата одбрана на докторска дисертација на Третиот циклус на студии.

Првиот доктор на науки кој произлегува од третиот циклус на ФМН е д-р Мајлина Адеми, која докторираше со докторската дисертација на тема „Ефектот на јонизираната вода збогатена со глутатион и витамин Ц врз антиоксидативната ензимска активност при акутен хипертермички стрес кај белиот лабораториски стаорец“, од областа на биомедицинските науки. Докторската дисетација  беше  изработена под менторство на проф. д-р  Ицко Ѓоргоски, кој заеднос со интеренниот ментор проф. д-р Зденка Стојановска и  дадоа подршка на д-р Адеми. Комисијата за јавната одбрана ја сочинуваа:  проф. д-р Татјана Рушковска, претседател, проф. д-р Емилија Јаневиќ Ивановска,  д-р Невенка Величкова,  проф. д-р Зденка Стојановска и проф. д-р  Ицко Ѓоргоски. Пофални зборови до кандидатката упати проф. д-р Милка Здравковска, декан на Факултетот за медицински науки.

- Самата одбрана е валидација на целокупниот наш труд во изминатите години, едно заокружување на процесот на препознатливост на Факултетот за медицински науки. Ова е еден свечен чин за нас, мотив да продолжиме понатаму, имаме уште голем број на студенти кои се во фаза на подготовка на докторски дисертации. Третиот циклус на студии е највисокото ниво, тоа практично е карта на факултетот – колку повеќе кандидати. докторанди, толку повеќе нивото на факултетот во поглед на науката и универзитетот во поглед на науката се зголемува. Практично докторските студии претставуваат наука, истражувања во областа која кандидатот ја одбрал – изјави проф. д-р Зденка Стојановска.

Последен пат изменето на Петок, 28 Февруари 2020 12:25
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…