Инфо ден за проектот „Биоотпад“

На Инфо денот, организиран во Пробиштип, тимот што го спроведува проектот „Биоотпад“ ги презентираше резултатите постигнати во две и пол години од работата на проектот.

На Инфо денот се обратија и свои презентации имаа членовите на проектниот тим, како и претставници на Општина Пробиштип, каде што се спроведува проектот „Плаќај колку што создаваш отпад“.

- Овој проект преку селектирање на отпадот има за цел да ги намали количествата органски отпад кои завршуваат на депонија. Тој отпад сега е еден од загадувачите на воздухот и потпочвените води. Во процесот на распаѓање на органска материја доаѓа до ослободување на непријатна миризба, како и штетни гасови кои придонесуваат за зголемувањето на стакленичките гасови. Овој проект се спроведува на територија на три држави, а буџетот наменет за нашата општина изнесува 277.758 илјади евра, од кои најголем дел се употребени за специфична опрема. Нас ова нѐ прави посебно горди, бидејќи сме прва општина што добива таква опрема преку фондовите на ЕУ, а од друга страна имаме прецизни податоци за  количествата отпад кои се создаваат на ниво на семејство. Добиените податоци веќе се користат за изработка на студии за заштита на животната средина, како и за економскиот ефект од спроведување на вакви мерки и активности, што ќе биде од голема важност при изработка на идните стратешки документи за заштита на животната средина - изјави градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

- Во овие три години, од декември 2017 година, со првата работна средба во Катерини, проектот се спроведуваше во три различни сегменти. Прв сегмент е воспоставување на раководни тимови. Започнавме и со постапките за јавни набавки, кои траеја прилично долго. На крајот, еве нѐ во завршната фаза, прибирање на резултатите и да видиме како во иднина ќе го спроведуваме, со оглед на тоа што со регулативата на ЕУ врз основа на која е добиен проектот нашето население ќе мора да започне со селекција на отпадот на изворот, каде што го создава, со цел да ги намали количествата на органски отпад кои ги носи на депонија, а со тоа да ги намали и количествата на штетни гасови кои се емитуваат во атмосферата. Со гордост можам да истакнам дека двата партнера во проектот – Општина Пробиштип и УГД успешно ги завршија сите предвидени активности. Набавена е опремата која значи осовременување на возилото кое го презема отпадот, набавена е опремата која врши компостирање на органскиот отпад, ангажирани се сите потребни експерти по профил и по специјалност за изработка на студиите кои на Општина Пробиштип ќе ѝ значат многу во натамошната потрага по мерки и активности за заштита на животната средина. Ставаме приближен крај на проектот, тој завршува на 4 септември, а дотогаш ќе ги следиме параметрите – количествата на отпад кои домаќинствата сега ги селектираат и праќаат на депонија, што на јавното претпријатие ќе му овозможи да добие параметар за да определи која е вистинската цена на чинење што ќе треба да биде пресметана во иднина – изјави м-р Васко Златковски.

На Инфо денот се обратија и Ненад Павичевиќ од ЈКП „Никола Карев“ – Пробиштип, д-р Дејан Мираковски, кој говореше за целите и развојот на проектот, за влијанието на проектот на економијата и на животната средина говореа д-р Дарко Лазаров и д-р Афродита Зенделска, а за системот на компостирање д-р Марија Хаџи Николова.


 

Последен пат изменето на Среда, 01 Јули 2020 12:55
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…