Краен рок за аплицирање |
Март 1, 2021 во 17:00 CET |
Отворен за |
• Универзитети или академски институции • Мали и средни претпријатија •Систем-интегратори (инкубатори) и/или понудувачи на технологии |
Придобивки |
Максимум по конзорциум: до 80,000€ евра |
Повеќе на |
|
Submit application |
SMART4ALL ве поканува да се номинирате за својот прв отворен повик на CTTE. Наградите се дел од програмата SMART4ALL која е поддржана од Европската унија во рамките на Хоризонт 2020.
За Крос-домен Експериментите за Трансфер на Технологија (CTTE)
Крос-домен експериментите за трансфер на технологија (CTTE) се краткорочни (6-9 месеци) експерименти со фокус на една од четирите дефинирани вертикали (дигитализиран транспорт, дигитализирано земјоделство, дигитализирана околина и дигитализиција на сѐ). CTTE ќе дадат можност за формирање на синергија, со цел да ги забрзаат проектите ориентирани кон производи и да понудат насоки кон успешна комерцијализација.
Во рамките на овој вид експерименти, вклучени се 3 различни субјекти од најмалку две различни земји. Еден академски/индустриски обезбедувач на технологија кој пренесува нова технологија на еден индустриски партнер за примање на технологија како ран-посвојувач, а потоа и еден партнер за индустриска продукција кој ќе го прошири синџирот на вредности. Партнерите ќе аплицираат заедно како конзорциум преку едноставен формулар за апликација.
Составот на конзорциумот може да биде:
Обезбедувач на технологија |
Примач на технологија |
Продукција |
Академија, Земја 1 |
Индустрија, Земја 1 или 2 |
Индустрија, Земја 2, 1 или 3 |
Индустрија, Земја 1 |
Академија, Земја 1 или 2 |
|
Индустрија, Земја 1 |
Индустрија, Земја 1 или 2 |
Водечкиот партнер секогаш мора да има статус на индустриски партнер (Мали и средни претпријатија или малку поголема компанија).
Кој може да аплицира за (CTTE)
Конзорциумите се состојат од три различни субјекти од најмалку две различни земји, вклучувајќи еден академски/индустриски партнер кој дејствува како давател на технологија и индустриски партнер кој дејствува како примател на технологија и еден партнер за индустриска продукција за проширување на синџирот на вредности.
Конзорциумот мора да го содржи следниов тип на апликанти:
- Универзитети или академски институции
- Мали и средни претпријатија
- Систем-интегратори (инкубатори) и/или понудувачи на технологии
Земји кои можат да аплицираат: Земјите-членки на ЕУ (вклучувајќи го и Обединетото Кралство), Здружените земји на H2020 како и сите други земји од Југоисточна Европа што не се наведени погоре и се вклучени во Анексот А на Програмата за работа H2020.
Дополнително, бидејќи една од целите на SMART4ALL е поддршка на дигиталната трансформација главно во европските земји што не се застапени во европските шеми за финансирање, преку прекугранични експерименти, ќе се даде приоритет на конзорциумите со најмалку една членка од една од земјите на ЈИЕ: Албанија , Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Словачка, Словенија и Србија.
Апликантите вклучени во конзорциумите НЕ можат да вклучуваат SMART4ALL партнери
Финансиска поддршка
The CTTE partners will apply for financial support by submitting one joint proposal describing the CTTE and its technical plan and a detailed estimation of the CTTE-related costs.
Партнерите на CTTE ќе аплицираат за финансиска поддршка со доставување на еден заеднички предлог што го опишува CTTE и неговиот технички план како и детална проценка на трошоците поврзани со CTTE.
- Финансиска поддршка за CTTE
До EUR 80,000.
- Финансиска поддршка по CTTE партнер
Секој CTTE партнер може да добие максимум EUR 60,000.
Финансиската поддршка ќе биде исплатена на водечкиот партнер, кој потоа ќе ги распредели средствата на другите партнери според распределбата на ресурсите утврдена во предлогот.
Повеќекратни поднесоци и учество во други SMART4ALL отворени повици и во кој било проект од H2020 I4MS и SAE
Ниту едно правно лице не може да се финансира двапати под Отворени повици на SMART4ALL за CTTE. Во случај една организација да учествува во повеќе од еден конзорциум меѓу избраните проекти, ќе се финансира само конзорциумот со повеќе поени.
Според правилата на Европската комисија, финансиската поддршка нема да се доделува на индивидуални правни лица кои веќе добиле повеќе од 100.000 евра преку отворени повици (финансиска поддршка на трети страни = FSTP = каскадно финансирање) од H2020 I4MS (https://i4ms.eu /) и проекти на САЕ (https://smartanythingeverywhere.eu/). Оваа ограничена сума не вклучува ниту еден придонес од ЕК што една организација го прима или го примила во рамките на проект финансиран од ЕУ (во рамките на FP7 или H2020) како корисник. Учеството како корисник во проекти финансирани од ЕУ не влијае на учеството на SMART4ALL отворени повици. Дополнително, секое правно лице или конзорциум што учествува на овој отворен повик ќе може да аплицира за кој било друг SMART4ALL отворен повик, под услов да се почитуваат горенаведените граници.
Matchmaking & Partner Service
За барање партнери во организацијата и услуги за спојување, посетете ја веб страната:
https://matchmaking.smart4all-project.eu/
Како да аплицирате?
Прирачник за апликанти и најчесто поставуваните прашања се достапни на SMART4ALL Application Kit (https://smart4all-project.eu/opencalls-apply-now).
Линк за испраќање на предлозите: https://smart4all.fundingbox.com/
Краент рок за достава на предлозите за CTTE е Март 1, 2021 во 17:00 CET.
За проектот SMART4ALL
SMART4ALL е финансиран од програмата на ЕУ- Horizon 2020 и има за цел да стане центар за дигитални иновации на цела Европа. Тој опфаќа конзорциум од 25 партнери од 16 земји меѓу кои и Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) од Тетово.
SMART4ALL Digital Innovation Hub гради капацитети меѓу европските засегнати страни преку развој на само оддржани, преку-гранични експерименти кои пренесуваат знаење и технологија меѓу академијата и индустријата. Проектот таргетира кориснички компјутерски системи со ниска потрошувачка на енергија и Интернет на Нешта (IoT), како и комбинира збир на уникатни карактеристики кои се здружуваат под заедничка визија на различни култури, различни политики, различни географски области и различни домени на апликација.
Може да се регистрирате за SMART4ALL списанието #newsletter на следниот линк: https://smart4all-project.eu/newsletter за да ги добивате најновите вести и соопштенија за следните повици. Сите регионални и национални организации кои се заинтересирани да ги следат отворените повици за финансирани на експерименти, можат да го направат тоа преку посета на официјалната веб страница: http://www.smart4all-project.eu или да го следат проектот преку некоја од следните социјални мрежи:
page: https://www.linkedin.com/SMART4ALLH2020
group: https://www.linkedin.com/groups/12369183/
https://twitter.com/smart_4all