При мапирање на она што се нарекува „космички микробранови во позадина“ кои се всушност светлина останата од почетокот на универзумот, научникот Рнка Рам Чари пронашол т.н. мистериозна светлина.
Чари е истражувач со вселенскиот телескоп Планк во Европската вселенска агенција во Кал Тек. Тој вели дека оваа светлина би можела да биде резултат на соседен универзум кој „протекува“ во нашиот универзум. Ова научниците го објавија и во труд во научниот магазин „New Scientist“.
„Нашиот универзум може едноставно да биде регион на друг супер регион“, напиша научникот Чари во неговата студија во магазинот „The Astrophysical Journal”.
„Многу други такви региони надвор од универзумот што можеме да го набљудуваме би можеле да постојат во некој друг регион управуван од различни физички закони од нашите“, напиша Чари во својата студија.
Иако овие пронајдоци звучат навистина ветувачки и воодушевувачки некои медиуми веќе коментираа дека ова треба да се земе со резерва, бидејќи телескопот Планк обезбедува ограничени податоци за понатамошни истражувања.
„Невообичаени тврдења, како што е алтернативен или паралелен универзум, бараат исклучително силни докази“, напиша Чари.