Легислативите и рестрикциите ги намалија озонски исцрпувачките хемикалии како хлорофлуорокарбонатите во атмосферата, а озонскиот слој почнува полека да ги регенерира своите дупки. Но, овие хемикалии сè уште се концентрираат за време на пролетта и летото на Северниот и на Јужниот Пол, „подгризувајќи“ сезонски дупки во озонот секоја година.
Во октомври годинава, озонската дупка над Антарктикот беше голема речиси 10 милиони квадратни милји, малку помала од нејзината големина пред 9 години, кога изнесуваше 10,42 милиони квадратни милји.
Во анимацијата на видеото подолу, пратена од Германската агенција ДЛР, може да се види формирањето на озонската дупка од оваа година.
">https://www.youtube.com/watch?v=T9K39wPAwiA&feature=youtu.be[/youtube]Научниците сметаат дека невообичаениот топол воздух кој патува кон Јужниот Пол е одговорен за оваа големина на озонската дупка.
Озонот е штетен за жителите на целата Земјина топка. Неговиот главен состав е смогот кој во атмосферата формира заштитна бариера која, пак, рефлектира штетна радијација од Сонцето.
Студиите претпоставуваат дека озонската дупка нема целосно да исчезне до 2040 година, а можеби и подоцна.
Извор: www.popsci.com.