Студијата ги анализираше остатоците од скелети од Втората светска војна.
По инфицирањето, многу вируси остануваат во ткивата и нивната ДНК може да се анализира дури и децении подоцна. Иако нивниот генетски материјал може да се пронајде во многу органи, истражувачите докажуваат дека вирусната ДНК, исто така, е присутна и во коските.
Човечките ткива се како една архива што ги собира отпечатоците на вирусите кои човекот ги прележал во текот на неговиот животобјаснува Клаус Хедман, професор на клиничка вирологија
Откритието носи важни заклучоци, затоа што коските најчесто остануваат по смртта, така што ова отвора врати кон истражувањата на вирусите кои причинувале инфекции во минатото.
Во студија објавена во „Scientific Reports”, истражувачите велат дека вирусите кои ги нашле во остатоците од коски од Втората светска војна во Финска им помогнале да го спознаат начинот на којшто вирусите се развиваат и шират во текот на човечкиот живот.
Комбинацијата на човечката и вирусната ДНК може да ни помогне да ги идентификуваме неодамна починатите во форензичката идентификација, како и да помогне во утврдувањето како нашите предци мигрирале низ светотвели Анти Сајантила, професор по генетска форензичка медицина
„Фасцинантни би биле откритијата за тоа какви вируси циркулирале низ средновековна Европа или колку разновидни биле вирусите кои постоеле помеѓу Јужноамериканците пред доаѓањето на Европејците".
Извор: www.sciencedaily.com.