Жените се посилниот пол – хормонот естроген ги штити од грип

Женскиот хормон естроген има анти-вирусни ефекти против инфлуенца тип А вирусот или обичен грип. Ова го открива студија објавена во Американскиот журнал за физиологија.

Вирусот инфицира и предизвикува болест на тој начин што влегува во клетката и се реплицира во клетката домаќин. Кога ќе биде ослободен од инфицираната клетка тој може да се рашири низ телото и меѓу луѓето. Силината на вирусот зависи од тоа колку многу се реплицира во телото. Помалку реплицирање на вирусот значи дека инфицираната личност ќе има помалку симптоми и помали шанси да го пренесе вирусот на други луѓе. 

За да истражат како естрогените влијаат на вирусот на грип и на неговата можност за реплицирање научниците собрале назални клетки – тип на клетки кои се први на удар на вирусот на грип. Тие собрале клетки од мажи и жени и ги изложиле на вирус, а како терапија биле користени естрогенот, бисфенол А и селективен естроген (SERM) – сите состојки се користат за хормонална терапија.

Научниците дошле до заклучок дека естрогенот и останатите состојки го намалиле реплицирањето на вирусот кај назалните клетки но само кај жените, а не кај мажите. Тие исто така забележале дека естрогенот ги постигнува ефектите преку бета рецепторот на естроген. Рецепторите се протеински структури кои ги врзуваат молекулите и ја овозможуваат реакцијата.

Според истражувачите има и научни студии кои покажуваат дека „женскиот“ хормон има анти-вирусни  ефекти и врз ХИВ, Ебола и Хепатитис.

Ова е прва студија која покажува дека рецепторите за естроген се важни во третманот со хормони, особено за третманот со естроген. И дека рецепторите играат клучна улога во целиот овој процес. Рецепторите за естроген се позастапени кај женските клетки за разлика од машките.

Целосниот труд може да се најде на следниот линк http://ajplung.physiology.org/content/early/2015/12/17/ajplung.00398.2015

Последен пат изменето на Четврток, 14 Јануари 2016 22:18
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…