Истражувањето спроведено од тројца истражувачи од Универзитетот во Вермонт, користи серија на видеа кои покажуваат дека поединечните клетки во една група на бактерии користат протеини кои ги прават отпорни на антибиотици, дури и тогаш кога не се третираат со антибиотици. Една цела група на бактерии можат да преживеат дури и ако антибиотскиот третман го преживеат само неколку нивни клетки.
Претходни истражувања покажаа дека кога се изложени на антибиотици, клетките на бактериската популација ја користат оваа стратегија со протеинот, која се активира со механизам наречен MarA, така што стануваат отпорни на антибиотикот.
Новоста е дека тие стануваат отпорни дури и кога не се третирани со антибиотик.
Ова објаснува зошто некоја инфекција останува активна постојано кај болни од на пример, цистична фиброза.
Студијата покажува дека промената на фреквенцијата и временското прилагодување на третманот со антибиотици може да биде начин за да се победи инфекцијата, со што на овој начин лекот ја уништува целата бактериска популација.
Извор: www.sciencedaily.com