Чувањето деца значително го подобрува имунитетот

Одгледувањето деца има посилен ефект врз вашиот имунитет отколку сезонските вакцини против грип, покажа една студија направена од два институтa во Белгија и во Велика Британија.

Истражувањата опфатија 670 луѓе на возраст од 2 до 86 години и во нивниот тек беа испитувани варијациите во нивниот имунолошки систем. Од сите фактори кои докажано влијаат врз имунитетот, еден од најмоќните фактори се докажа дека е чувањето деца. Паровите кои чуваат дете покажаа 50% помала варијации во нивните имунолошки системи.

Научниците кои се вклучија во истражувањето се сложни: „Ова е првпат некој да ги споредува имунолошките системи на индивидуалци кои се во блиски односи, но не се крвно поврзани. Бидејќи родителството е една од најрадикалните промени во животот на луѓето, има смисла фактот дека тоа влијае силно врз имунитетот, дури посилно од каква било вакцина или друга превентивна мерка“.

Истражувањето, помеѓу другото, покажа дека во годините додека го чувате вашето дете имунолошкиот систем ви се враќа во нормала, нешто што уште еднаш ја демонстрира флексибилноста на имунолошкиот систем.

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Вторник, 16 Февруари 2016 14:22
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…