На презентацијата што се одржа во конференциската сала на Правниот факултет, наставничкиот и соработничкиот кадар на Универзитетот имаa можност да се запознаaт со функционалноста на платформата, придобивките од он лајн курсевите, придобивките од предавања во виртуелни училници, како за студентите така и за наставничкиот и соработничкиот кадар.
Целта на презентацијата беше да се согледаат искуствата и бенефициите во областа на едукацијата и новите технологии кои можат да придонесат кон унапредување на образовниот процес. На презентацијата посебно се истакнаа и предностите на платформата за организирање на курсеви во сферата на неформалното образование.