Од што зависи дали си „НОЌНА ПТИЦА“?

Одговорот на прашањето е многу едноставен – од вашите гени.

Колку и да сакаме самостојно да влијаеме на нашиот биоритам и создавањето здрави животни навики кои подразбираат и 8 часовен редовен сон, сепак истражувањето кое го направија група научници од британскиот Универзитет Лајкестер резултирало со заклучокот дека нашите гени се одговорни за тоа дали сме повеќе активни во ноќните часови или преку ден.

Во истражувањето биле користени вински мушички чиј генетски состав е сличен со човечкиот, а биле идентификувани 80 гени кои се одговорни за предиспозицијата кон ноќна односно дневна активност.

Целта на ова истражување кое е објавено во е да се утврди генетската структура и нејзиното влијание врз телесниот часовник, за да може во иднина да се размислува и на медикаментозни интервенции за менување на нашите природни предиспозиции.

За целта на ова истражување кое е објавено во научното списание „ Frontiers in Neurology“, професор Тоблер вели  - Ритамот на живото е таков што многумина го започнуваат нивниот социјален живот неколку часа пред тоа да го стори нивниот телесен часовник. Така доаѓа до дисфункција која не само што се одразува на дезориентацијата и проблемите со спиењето, туку и со посериозни состојби како што се менталните болести, кардиоваскуларните болести, тумори и др. Нашето истражување е прво кое ќе се обиде да ги идентификува гените вклучени во овој процес. Тоа ќе ни овозможи подобра дијагностика и развој на медицинска терапија.

Ова истражување покажува дека можеби во иднина со помош на таблети самите ќе можете да си помогнете да функционирате подобро во периодот од 8 до 16 часот иако генетски сте предодредени да бидете ноќна птица.

 

Последен пат изменето на Четврток, 15 Октомври 2015 14:32
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…