Истражување спроведено од истражувачи при Универзитетот „Гоце Делчев“ потврдува дека пушењето на цигари е поврзано со белината на вашите заби. Низа истражувања на оваа тема покажуваат релација меѓу пушењето и белината на забите.
Истражувањето е спроведено од страна на професори од Факултетот за медицински науки при УГД. Истражувачите ја анализирале белината на забите кај 235 здрави пациенти од кои 123 односно 52,3% биле непушачи, а 112 односно 47,6 пушачи. Со помош на интраорален спектрофотометар правени се мерења на белината на забите кај пациентите, како кај пушачите така и кај непушачите.
Резултатите покажуваат дека пушењето има големо влијание за белината на забите. Естетиката на забите е една од многуте негативни ефекти на пушењето. Според голем број на научни истражувања пушењето е заслужно за низа болести на забите и устата, но една од нив е и значително потемни заби од непушачите. Според истражувачите од УГД менувањето на бојата на забите доаѓа поради надворешните жолта и кафена боја која е содржана во никотинот и катранот, односно во чадот од цигарите.
Постер презентацијата од ова истражување е презентирана на научна конференција во Букурешт, Романија, а целосно може да се најде во дигиталниот репозиториум на научни трудови на УГД - http://eprints.ugd.edu.mk/13216/.