Работилница за интегрирање на отворени едукативни ресурси во училниците

Образовни институции од Шведска, Бугарија и Македонија се собраа денес на третата работилница во рамките на проектот за интегрирање на отворени едукативни ресурси во училниците. Работилницата се одржа на Кампусот 2 на УГД и во рамките на таа работилница се споделија знаења и искуства за тоа како подобро да се имплементираат новите технологии во процесот на образование.

Целта на оваа работилница е вовед во отворени едукативни ресурси, користење, дизајнирање и нивна употреба во наставата. Сега сме на почеток на проектот, првата година помина, имавме анализи и препораки што да работиме. Подготвени се такви извештаи. Во текот на втората година секој од партнерите ќе издвои отворени едукативни ресурси кои би се споделиле меѓу сите партнери и да се користат во наставатаистакна раководителот на Центарот за е-учење при УГД, проф. д-р Зоран Здравев

Партнерите на проектот истакнаа дека сите овие работилници веќе се применуваат во наставата.

Можам да кажам дека знаењата веќе ги применуваме во нашата настава. Не ги користиме старите технологии или старите практики и со тоа се осовременува образованието. Учениците веќе нема да користат пенкало и тетратка, туку сѐ ќе биде на компјутер. Начинот на домашни задачи ќе биде многу полесен. Веќе имавме работилници за тоа како да им се претстави технологијата и во секој случај ќе имаме подобри резултати, затоа што учениците многу полесно ги примаат тие технологииистакна Маријана Стевановска од градежното училиште во Скопје

Сите партнери го изразија задоволството од соработката со УГД и истакнаа дека од ова најголем бенефит ќе имаат учениците и студените. Људмила Стојанова од Техничкиот универзитет во Бугарија вели дека тие ќе ги подготвуваат гимназиите и средните училишта за овие отворени едукативни ресурси и нивната примена во процесот на образование.

Ние ќе бидеме тие кои ќе ги тестираме ресурсите и ние ќе бидеме тие кои ќе покажеме како практично можат да се користат тие ресурси. Тоа е исклучително важно, затоа што нашите ученици ќе станат студенти на универзитетите и тие ќе бидат подготвени за да можат да ги користат најновите технологии во својата работа во универзитетотвели Мариа Методиева од Втората јазична гимназија од Софија

Партнерите од Шведска истакнаа дека тие веќе имаат имплементирано информатичка технологија во процесот на образование, но дека овој вид на соработка на нив ќе им овозможи развој и на нивното училиште.

Не само што стекнавме знаења за ИТ и технологија, туку и за различните култури и традиции. Во нашето училиште ние веќе користиме електронско учење, па мислиме дека сѐ што ќе научиме ново е многу добро, па се надеваме дека ќе соработуваме и сите ќе придонесемевели Данира Цуровац од гимназија „Курт Николин“ во Шведска

Претставниците од гимназијата во Кавадарци истакнаа дека овој проект ќе биде од големо значење, затоа што ќе ја доближи технологијата до целиот образовен процес. Мики Камчевски од гимназијата во Кавадарци вели дека ова е одлична можност за професорите кои ќе стекнат големо знаење.

Последен пат изменето на Среда, 07 Септември 2016 16:29
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…