Со овој договор се отвораат можности за студентите и за вработените на УГД за работа на заеднички проекти меѓу двете институции во насока на размена на идеи и знаења. Според Бишев, формалното официјализирање на соработката која веќе постои покажува дека еден од најважните фактори за успех на секоја компанија се вработените:
Од тој аспект, кадарот што се продуцира на Универзитетот „Гоце Делчев“ и останатите универзитети дава свој придонес и во развојот на македонската економија и банкарството, па студентите ќе можат да доаѓаат на пракса, да ги применуваат знаењата што ги стекнале, и тоа не само во Шпаркасе банка Македонија, туку и во целата групација која е во 14 земји. Се разбира, ќе може да ги видат и нашите искуства и евентуално, во зависност од потребите, да се вработуваат било во банкарството било во приватниот сектор на економијатаизјави Бишев
За ректорот Боев овој Меморандум за соработка е уште една потврда за посветеноста на УГД на соработката со реалниот сектор:
Денеска имаме особена чест да ја официјализираме соработката со Шпаркасе банка Македонија, како една врвна установа во областа на банкарството во Македонија и пошироко во Европа. Ние како Универзитет полагаме многу во ваквите соработки во делот на реалниот сектор кој постои. Ние продуцираме кадри, но тие кадри мора да најдат вработување во реалниот сектор. Ваквите иницијативи за соработка се императив за нас, затоа и сега и понатаму ќе ја практикуваме оваа пракса за потпишување, но не и само за потпишување, туку и реализирање на договорите во реални услови, тие да функционираат и студентите од нив да имаат корист. Ако студентите немаат корист од оваа соработка и спогодба, не би требало ни да ја потпишуваме. Спогодбата е реална со реални претпоставки за тоа нашите студенти да одат на пракса во експозитурите на Шпаркасе во Македонија, но и во нивните експозитури во Европа, од една страна, а од друга страна студентите да најдат работа, и тоа најдобрите студенти, бидејќи ние треба да продуцираме добри и квалитетни студенти за да можат реално да придонесат за развојот на нашата економија и нашиот бизнисизјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев