Во периодот од 13 до 25 ноември 2016 година на Катедрата по германски јазик и книжевост на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип ќе престојува лекторката Регула Бузин од Цирих, Швајцарија. Целта на нејзиниот престој е изведување настава и јазични вежби со студентите по германистика од прва, втора, трета и четврта година. Лекторката Регула Бузин ќе изведува настава и практични вежби од областа на германскиот јазик, германската и швајцарската култура и цивилизација, како и методика, со што до студентите ќе го доближи германскиот јазик од германското говорно подрачје како изворен говорник.
Соработката со швајцарската лекторка досега се покажа како успешна, бидејќи таа до сега неколку пати престојуваше на Филолошкиот факултет и беше во посета Универзитетот „Гоце Делчев“.
Од Филолошкиот факултет велат дека студентите се задоволни од досегашната соработка и очекуваат истата да се продолжи и да се прошири во иднина.
На предавањата ќе можат да присуствуваат сите заинтересирани студенти од Филолошкиот факултет.