По четврти пат по иницијатива на Катедрата за дидактика и методика и во организација на Факултетот за образовани науки организираме трибина со истата тематика „Предизвиците и перспективите на учителската професија“ истакна деканката на ФОН, проф. д-р Соња Петровска.
Професорката од Катедрата за дидактика и методика проф. д-р Снежана Мирасчиева истакна дека оваа трибина има за цел да ги собере теоретичарите во високото образование и учителите.
Имаме за цел да размениме искуства од терен, но и да развиеме нови идеи како понатаму и каде е местото на учителот воопшто. Вклучени се интересни теми, говориме за предизвиците, за учителот некогаш и денес, во кој правец го гледаме правецот на учителската професија. Оваа година има интересни наслови, со оглед на тоа дека се вклучени сите институции истакна проф. д-р Снежана Мирасчиева.
Покрај професорите од високото образование, учество зедоа и учителите од основните и средните училишта и од градинките.
Основното училиште „Гоце Делчев“ учествува со труд кој го изработи наставничката Лидија Камчева-Панова во соработка со докторот Страхил Газепов и јас Елена Ташкова. Насловот на трудот е „Предизвикот на учителот за работа со ученици со рефлекторни аномалии“. Знаеме дека нашето училиште работи со деца со оштетен вид и функционираме одлично. Во рамките на ова спроведовме скрининг и како резултат од скринингот произлезе овој труд. Сметаме дека тоа е еден голем предизвик и дека треба да се вложува во компетенциите и стручното усовршување на наставникот истакна директорката на основното училиште „Гоце Делчев“, м-р Елена Ташкова.
Стручната конференција имаше и свечен дел на кој настапија децата од основните училишта со свој рецитал на поезија посветена на учителот. Конференцијата се одржа во свечената сала на Факултетот за образовни науки.