Обука од областа на денталната медицина

Центарот за доживотно учење при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип на 27.12.2016 година организираше обука за Оралнохируршки процедури во менаџментот на флап-дизајн: резенки, инструменти и техники на шиење – основно ниво. Обуката се реализираше на Факултетот за медицински науки при УГД  во Штип.  Предавач и инструктор на обуката беше проф. д-р Цена Димова од Факултетот за медицински науки при УГД. 

Со пријавувањето и реализацијата на оваа еднодневна обука тројца учесници се стекнаа со практични  знаења од областа на денталната медицина, кои се во функција на зголемување на нивните знаења, вештини и компетенции од областа на оралната хирургија.

Секој учесник по завршувањето на обуката се здоби со сертификат за завршена обука согласно со Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2008, 17/2011, 51/2011, 74/2012, 41/2014, 144/2014, 146/2015 и 30/2016).

Следна ваква обука се планира во март 2017 година и пријавувањето е отворено.  Телефонски броеви за контакт: 032 550 093/032 550 458.

 О Б У К А

 „Обука од областа на орална хирургија во март 2017“

Центар за доживотно учење

Универзитет „Гоце Делчев“ Штип

 

Име и презиме на учесник:

 

 

Е-адреса:

 

 

Телефон за контакт:

 

 

ДУ „Гоце Делчев“ Штип

Центар за доживотно учење

Уплата на жиро сметка на Универзитет „Гоце Делчев“- Штип

100000000063095

Сметка на буџетски корисник – примач

1600160330-788-22

Приходно конто – 723113

Потпрограма – 44

Образец ПП- 50

 

За еден учесник котизацијата изнесува 4500 денари, плус ДДВ.

Бројот на учесници е до осум кандидати.

Последен пат изменето на Четврток, 29 Декември 2016 08:58
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…