Студентите од Правниот факултет во посета на Македонската берза

И годинава студентите од трета година на Правниот факултет при УГД, во рамките на наставната програма по предметот Финансово право, реализираа посета на Македонската берза на хартии од вредност и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Координаторот на Секторот за супервизија при КХВ, м-р Славица Илиевска, на идните правници им ги презентираше улогата, функциите и надлежностите на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, согласно со домашната регулативата.

Додека од страна на вториот извршен директор на Македонска берза АД, Евита Иванова, им беа презентирани активностите, функционирањето и реалното тргување со хартии од вредност на Македонската берза за хартии од вредност.

Последен пат изменето на Среда, 23 Ноември 2016 15:23
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…