Договорот предвидува соработка меѓу овие две институции, особено на платформата Универзитети на светот, која содржи вежби за изучување на францускиот јазик преку промоција на националните култури. Соработката, исто така, отвора можност за изучување на францускиот јазик во Ница по намалени тарифи, како и стипендирање на најдобрите студенти кои го одбрале францускиот јазик како изборен предмет.
Азурлингва е училиште кое постои повеќе од 25 години и ужива големо реноме затоа што секоја година пречекува илјадници студенти и професори од целиот свет.
Заинтересираните за посета на летната школа по француски јазик во Ница можат да се обратат кај предметниот професор на следнава електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..