Доц. д-р Емилија Арсов одржа предавање на Биолошкиот факултет во Софија

Во рамките на Еразмус програмата за наставнички кадар, доц. д-р Емилија Арсов одржа предавања на Биолошкиот факултет на Софискиот универзитет во Бугарија. Целта на посетата беше да се пренесат информации за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и да се запознаат студентите со Еразмус можностите на УГД.

Биолошкиот факултет на Софискиот универзитет се наоѓа во ист објект со Агробио институтот и Генетскиот центар (најголем приватен генетски центар во Бугарија), кои беа присутни како на официјалните предавања така и на неформални средби со доц. д-р Емилија Арсов, кога се договараа можности за продолжување на соработката.

Во периодот од 4 до 8 декември беа одржани предавања на студентите од групата Молекуларна биологија, стручни предавања од областа на примена на молекуларната методологија во идентификацијата на патогените и заштита на растенијата. Воедно беше направена и презентација за можностите за практична лабораториска работа во Научноистражувачкиот центар при УГД, во УНИЛАБ, каде што покрај останатите се изведуваат комплетни анализи за молекуларна дијагностика.

Програмата  Еразмус нуди одлична можност за запознавање на студентите на факултетот домаќин со можностите за наставна и практична работа на Универзитетот „Гоце Делчев“.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 11 Декември 2017 10:49
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…