- Секогаш ми е драго кога сум со студентите. Конкретно за ова предавање идејата е да се проговори подетално за монетарната политика: кои се основните концепти, постулати на монетарната политика, глобално, но и конкретно во случајот на Р.Македонија, како таа се спроведува, кои се предизвиците со кои се соочува НБРМ, како институција која е одговорна за имплементирање на монетарната политика и нормално кои се клучните механизми и инструменти што НБРМ ги користи за носење на одлуки за монетарната политика. Секако, оваа пракса за присуство во научно-образовните институции е редовна пракса на Централната банка преку која ние настојуваме да го дисеминираме нашето практично познавање од областа во којашто работиме. Јас ценам дека од исклучителна важност е да има добра соработка помеѓу Централната банка, институција која има голема експертиза во однос на спроведувањето на монетарната политика и воопшто во однос на макроекономските политики, бидејќи е институција во која навистина се вложува во човечкиот потенцијал, во кадар, имаме многу добар кадар кој има одлична експертиза во овие области, и соработката со научноистражувачките институции е секако од огромно значење за размена на нашите искуства, на нашите знаења со образовните институции – изјави д-р Анита Ангелоска-Бежоска.
Предавањето на вицегувернерката Бежоска е дел од проектот што го реализира Катедрата за економија и нејзиниот раководител доц. д-р Дарко Лазаров и практиката за покана на гости-предавачи на Економскиот факултет.