Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го претстави проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за медицински науки и советник за научна соработка. Главна тема на конференцијата беше размена на искуства за научноистражувачката работа и моделите на докторско образование на европските универзитети, земајќи ја предвид различноста, како и постигнување на одличност и повисоко ниво на научноистражувачка работа.
Покрај учеството на редовните сесии и дискусии на конференцијата во Љубљана, советничката за научна соработка проф. д-р Ленче Милошева оствари и одделни разговори со повеќе ректори и директори на докторски школи и истражувачки центри на европски универзитети, коишто се очекува да придонесат за натамошен развој на успешната соработка меѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и истражувачките мрежи и центри на европските универзитети. Исто така, остварените средби и разменетите искуства ќе помогнат во изготвувањето на новиот европски модел на докторско образование, кој се очекува да се имплементира на факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Проф. д-р Ленче Милошева оствари средба и со претседателот на Комитетот на Советот за докторско образование на Европската асоцијација на универзитети (EUA – CDE), со цел поднесување на апликација и зачленување на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип во Советот за докторско образование.