Повик за доставување на трудови во „South East European Law Journal“

Правниот факултет при УГД - Штип се приклучи како членка во правното списание за Југоисточна Европа „South East European Law Journal - SEE Law Journal“ во рамките на проектот Мрежа на правни школи од Југоисточна Европа (South East European Law School Network - SEELS). Списанието првпат оваа година е поддржано од програмите Erasmus + и Jean Monnet.

Списанието е наменето за академската заедница, професори, истражувачи, но и студенти по право и правно-политички дисциплини. Потесните области на фокус се поврзани со регионална, eвропска и меѓународна интеграција на земјите од Југоисточна Европа, прашања поврзани со правни реформи и унификација/хармонизирање на националните законодавства со европското законодавство, добри пракси за апроксимација со европското право итн. Подетални информации околу повикот, начините на достава, упатствата за изработка и роковите може да најдете на следниов линк:

http://www.seelawjournal.org/index.php/call-for-papers/active-calls

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…