УГД го прослави Денот на образование на турски јазик

Групата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во соработка со Турското катче на Институтот „Јунус Емре“ што се наоѓа во Кампус 4 со студентите заедно организираа интерактивна програма за Денот на образование на турски јазик. На оваа прослава гости беа студентите од Групата за турски јазик и книжевност и студентите од Турција кои се запишале на Универзитетот „Гоце Делчев“ со своите наставници.

Студентите на Групата за турски јазик и книжевност читаа турска поезија, оригинална турска поезија со препев на македонски јазик направен од страна на студентите од насоката Преведување и презентираа едночинка што тие ја напишале. Изборот на поезијата, рецитирањето и едночинката беа реализирани под раководство на наставниците на Групата.

По програмата следеше запознавање на студентите од Македонија со студентите од Турција, а потоа се разви дискусија за идна соработка и можности за заеднички активности на студентите од Македонија и студентите од Турција во соработка со нивните наставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ и Турското катче на Институтот „Јунус Емре“ што се наоѓа во Кампус 4.

Последен пат изменето на Петок, 21 Декември 2018 15:28
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…