Билјана Гаџовска, самостоен советник во Одделението за царински и даночни постапки во Царинската управа на РСМ имаше презентации на темите „Законски и процедурални аспекти на имплементацијата на ОЕО во Република Македонија – поволности, критериуми, постапка за добивање статус на ОЕО, меѓусебно признавање на ОЕО уверенија“ и „Поволности кои ги нуди статусот на ОЕО и предизвици при исполнување на законските критериуми“.
Статусот на ОЕО е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Северна Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени. Царинската управа во таа насока силно ги охрабрува македонските економски оператори да се стекнат со статус на овластен економски оператор за да можат да се вклучат во глобалните синџири на снабдување во рамките на ЦЕФТА и да добијат меѓународно признавање.
Видео