Неколку дена пред затворањето на границите Андреј си дошол во родниот Штип, поради пандемијата со ковид 19 тој не е во можност да се врати во Италија и да ги продолжи своите студии таму. Преку соработка со Музичката академија од Универзитетот „Гоце Делчев“ договорено е УГД да му помогне за да може Андреј да ги полага испитите кои бараат клавир и видео стриминг.
Андреј денес ќе го полага испитот преку интернет конекција со својот универзитет во Италија, а ќе свири во Мултимедијалниот центар на Универзитетот.
Универзитетската радио и телевизија ќе се погрижи за видео и аудио преносот на испитот, а УГД ги отстапи салата и клавирот во Мултимедијалниот центар.
Андреј Шаклев е млад пијанист роден во 1997 година во Штип. Моментално студира во Италија, а дел од своето образование го поминал и на Универзитетот Моцарт во Салзбург, Австрија. До сега има настапувано на бројни концерти и има освоено голем број интернационални награди.