Службите активно работат на тоа сите студенти да добијат информации за почеток на наставата, а веќе се изработени и електронски календар и распоред за настава. Универзитетот, како лидер во изведувањето на онлајн наставата, донесе одлука оваа година наставата да се одржува хибридно. Дел од наставата да биде онлајн, а дел да се одржува во мали групи со физичко присуство.
Во врска со студентите кои се во прва година тие веќе се контактирани преку своите матични факултети и им се дадени информации за почетокот на студиската година. Сите студенти на УГД кои се запишани во прва година имаат добиено електронска пошта од ректорот на Универзитетот, проф. д-р Блажо Боев, при што им посакува добредојде, а воедно имаат добиено и инструкции за тоа како да ја следат наставата и информирањето.
Во врска со првиот академски час, секој факултет го организира посебно, со оглед на обемот на студенти. Факултетите со помал број на студенти ќе организираат прв академски час со физичко присуство и почитување на сите протоколи, а поголемите факултети тоа ќе го сторат преку електронските платформи и преку интернет.
Факултетите при УГД веќе ги контактираат новите студенти преку телефон, електронска пошта или СМС и ги информираат за тоа како да ја почнат студиската година.
Воедно, студентите се упатуваат да ги следат и веб-страниците на УГД, на своите факултети, и фан-страниците на социјалните мрежи.
Сите студенти имаат добиено инструкции за настава за оваа студиска година, кои исто така можат да се најдат на следниов линк: Информации за настава во Зимски семестар 2020/21.