Издадена Монографија по повод 25 години Педагошки факултет

Четврт век високообразовна установа за образование на наставници и воспитувачи. Од Педагошки факултет до Факултет за образовни науки, Факултетот чествува 25 години образование.

И четврт век е доволно за почит и достојно за восхит, но ако се земе предвид дека тие 25 години се всушност само продолжување на долга и богата образовна традиција, која институционално досегнува сè до Учителската школа во 1945 година, станува јасно пред каква историска величина стоиме.

Оваа Монографија ги следи сите фази од нејзиниот растеж, секако со акцент на последните 25 години, кога живо го сведочевме тој трнлив но радосен од. Тие сведоштва се долг кон нашите предци, но и аманет за нашите деца. Да сведочат и судат.

Монографијата може да се најде во продолжение.

Монографија (.pdf)

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…