„Секое утро поминувам 10 минути давајќи им комплименти на моите ученици. Сведок сум на нивната самодоверба и гледам како нивната самопочит се зголемува. Секое дете заслужува да се чувствува прифатено во овој свет. Наместо да се фокусирам на недостатоците, јас се фокусирам на талентите. Наместо да зборувам за мир, љубов и хармонија, јас покажувам мир, љубов и хармонија. Ја обликувам реалноста на детето уште во почетокот на неговото животно искуство. Ако тие имаат злобен наставник, ќе мислат дека и светот е таков. Но, ако наставникот покажува љубов, хармонија и мир, тогаш тоа станува нивната норма“, вели тој.
Гледајќи ги детските срамежливи реакции откако ќе добијат комплименти е доста слатко и позитивно. Очигледно е дека Улмер ужива во овие моменти. Тој пишува дека овој метод предизвика позитивни мисли кај неговите ученици, па така тие започнаа да си даваат комплименти еден со друг.
„По неколку недели спроведување на оваа практика моите ученици започнаа да си делат комплименти еден со друг. Никогаш не се навредуваат и активно работат да си помогнат еден со друг. Омразата е однесување кое се учи. Љубовта е природна“, вели тој.
Извор: http://fakulteti.mk