Станува збор за езерото Ретба, познато како „милкшејк“ езеро заради својата карактеристична розова боја добиена заради високата концентрација на сол.
Високото ниво на сол во Ретба претставува одлична средина за развивање на специфичните зелени алги „Dunaliella salina“ кои под влијание на солта произведуваат црвен пигмент кој апсорбира и користи сончева енергија.
Сличноста со Мртвото Море е тоа што капачите можат слободно да се опуштат без страв дека ќе потонат, а разликата е во тоа што во Мртвото Море нема живи организми.
Заради заштита, капачите во Ратба мораат да стават заштитен масен слој кој ја штити кожата од големата концентрација на сол.
Извор: http://nationalgeographic.com
Розово езеро „милкшејк“