Спортот го подобрува детскиот когнитивен развој

 „Организираните спортски активности им помагаат на децата во подобрување на нивните когнитивни вештини, како и во постигнување на подобра концентрација што во глобала го подобрува нивниот успех за време на останатите часови“, вели проф. Линда Пагани од Универзитетот во Монтреал.

Покрај тоа што е професор на Универзитетската школа за психоедукација, Пагани е и истражувач во Детската болница во Монтреал. Нејзината работа се фокусира на детскиот развој и на идентификацијата на факторите кои влијаат врз развојот, ставајќи фокус на помош за родителите, наставниците и организациите во поставувањето на приоритетни активности и односи со децата. Некои од нејзините најнови истражувања се фокусирани на влијанието на тимските спортови.

„Работевме со информации споделени од родителите и наставниците за да ги споредиме активностите од градинката со нивните училишни ангажмани“, вели Пагани.  „Децата кои играле структурирани спортови покажале многу подобар фокус и концентрација до нивното четврто одделение. Има нешто специфично во спортската средина – можеби чувството за припаѓање во група која споделува иста цел. Ова им помага на децата да ја разберат важноста за почитување на правила и ценење на одговорноста“.

Оваа студија и низа други слични истражувања кои споделуваат слични резултати се претставени на Научниот симпозиум во организација на Италијанскиот национален олимписки комитет во Чикаго, САД, и Италијанскиот културен институт во Чикаго со наслов „Клучната важност во слободното движење и организираната воннаставна спортска активност во когнитивниот развој на детето: теренски перспективи“.

Оваа организација, покрај научните симпозиуми, организира и други активности кои помагаат за здрав детски развој.

Извор: www.sciencedaily.com

Последен пат изменето на Среда, 25 Ноември 2015 14:05
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…