Оваа групација направи анализа за тоа кои држави и кои институции во светот објавуваат најмногу трудови во нивните списанија. Листата на држави изгледа вака:
- САД;
- Германија;
- Велика Британија;
- Кина;
- Франција.
За тоа кои институции најмногу објавуваат во списанијата на NPG листата изгледа вака:
- Универзитет Харвард (САД);
- Универзитет МИТ (САД);
- Универзитет Стенфорд (САД);
- Национален институт за здравје (САД);
- Институт „Макс Планк“ (Германија).
Македонија со само четири труда во изминатиот едногодишен период е на 120. место од 158 рангирани држави во светот. Од регионот, по Македонија е само Црна Гора, која е на 132. место, а од Европа по Македонија и Црна Гора се само државите кои речиси не се занимаваат со наука – Ватикан, Монако и Сан Марино. Од регионот Босна и Херцеговина е на 110. место, Албанија на 112., Словенија на 39., Србија на 52., Хрватска на 46., а Бугарија на 53. позиција.
Од македонските институции во списанијата на „Nature“ имаат објавувано само Македонската академија на науките и уметностите, Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ и Македонското еколошко друштво.
Целосната анализа може да се најде на следниот линк: http://www.natureasia.com/en/publishing-index/