Одлично рангирање на УГД според цитираноста на научните трудови нa Google scholar

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се најде на висока позиција во најновото рангирање објавено од страна на Јавниот истражувачки центар „Weboмetriсs” во Шпанија, кој работи во состав на Универзитетот за научни истражувања. Овој центар секоја година прави листа на најдобрите универзитети во светот, а во конкуренција се над 25.000 универзитети од целиот свет.

На најновата листа, која е направена според цитираноста на научните трудови на универзитетите на Google scholar, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е рангиран на 1.970. место меѓу над 25.000 универзитети во светот рангирани според цитираноста. Ова е одлично рангирање за Универзитетот „Гоце Делчев“ кое покажува дека она што се работи на УГД е отворено, достапно и прегледувано во целиот свет, што придонесува за присутноста  во светски академски рамки.

Webometrics” ги прави рангирањата според неколку критериуми – географската големина на универзитетите, присутноста во академскиот свет, објавените научни трудови и број на академски работници внатре во универзитетот, популарноста и посетеноста на сајтот на универзитетот и влијанието на веб-страницата. Целта на рангирањето, меѓу другото, е да се промовира научното истражување со цел подобрување на научното и технолошкото ниво на земјата, како и да се промовира веб објавувањето на универзитетите во светот и поддршка на иницијативите за слободен електронски пристап до научните публикации, како и до друг академски материјал.

Последен пат изменето на Среда, 20 Јануари 2016 11:47
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…