2. Кои се Вашите омилени теми за предавање? Зошто?
Тоа се сите теми поврзани со електрониката, тоа е областа во која сум работел 20 години во индустрија и во која сум се потврдил како стручњак и личност.
3. На кои научни области сте сконцентрирани денес? Дали тоа се истите области што Ви го привлекувале вниманието на почетокот од Вашата кариера?
Управување на енергетски погони со цел подобрување на ефикасноста на нивното искористување. Областите се исти, само целите се еволуирани, како што еволуирав и јас како стручнак за овие 30 години како што се занимавам со електрониката.
4. Дали мислите дека постојат одреден тип на луѓе кои се создадени да бидат електроинженери? Кои вештини им се потребни?
Како и за секоја работа, потребно е да се има одреден сенс - можеби вродени карактеристики и околина во која си израснал. Но сепак, без работа не се постигнуваат вредни резултати. Или како што рекол еден од творците на електотехниката Едисон, генијот е 99% работа и само 1% талент.
5. Какви се, според Вас, денешните студенти во споредба со студентите во минатото?
Навиките на денешните студенти се во голема мера одраз на денешното време. Тие имат пристап од мал до голем број информации, благодарение на интернетот. Но можам слободно да проценам дека само мал број од нив размислуваат дека тоа е резултат на техниката и на луѓето кои вложиле голема енергија за да се постигне овој степен на развој во техниката и воопшто во денешниот живот.
6. Што за Вас значи добар универзитетски професор?
Следење на новитетите во вашата област и нивна примена во своите предавања. Интерактивен пристап со студентите, нивно насочување, критичен пристап и пофалување.
7. Кои се придобивките од воведувањето на ЕКТС во студиите?
Пред сѐ, студентите имаат можност да бидат вклучени во наставата преку цел семестар, а не само кога е испитната сесија.
8. Како успевате да им го задржите вниманието на студентите за време на Вашите предавања?
По одреден временски период од редовните теориски предавања, неминовно е концентрацијата на внимание да опаѓа. Тогаш настојувам со некои примери од пракса и корисноста од нив да им го зголемам вниманието на студентите.
9. Која е Вашата порака до студентите?
Изберете да го студирате тоа за што сте убедени дека имате афинитет да го работите. Посветете се на тоа, работете ревносно, работата во саканата област ќе ве исполни и награди за вложениот труд.