Професорки од Бугарија во рамките на Еразмус плус одржаа предавања на УГД

Доц. д-р Виолета Станчева од Тракискиот универзитет во Бугарија и проф. д-р Дарина Волчева од Институтот по земјоделие во Карнобат,  Бугарија, во изминатата седмица беа гости на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што пред студентите од различни факултети одржаа предавање на теми во кои се тие специјалисти.

Доц. д-р Виолета Станчева одржа предавање пред студентите на Факултетот за образовни науки, бидејќи таа доаѓа од Педагошкиот факултет при Тракискиот универзитет во Бугарија, а проф. д-р Дарина Волчева одржа предавање пред студентите на Земјоделскиот факултет. За деталите од предавањата на двете професорки од Бугарија и за нивното искуство на УГД погледнете во видеата во продолжение.

Последен пат изменето на Четврток, 21 Април 2016 14:42
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…