На оваа трибина, пред сите присутни, раководителите на Е-индекс, Е-учење и Е-библиотека ја демонстрираа работата на соодветните платформи, ги демонстрираа предностите на истите, особено фактот како тие го олеснуваат студирањето на нашите сегашни и идни студенти.
Трибината се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД, како дел од активностите за доближување на Универзитетот до идните студентите. УГД ТВ ја сними целата трибина и може да се види во трите видеа кои се поделени според презентациите за Е-индекс, Е-учење и Е-библиотека.