Тематските единици кои беа предмет на проучување во периодот од 15 до 20 мај беа насочени во полето на интегралната заштита на растенијата.
Понатамошни тековни активности во рамките на проектот предвидуваат софтверско ажурирање на податоците во врска со заштитата на растенијата – болести, штетници, како и препарати за нивна заштита.
Во изведување на теоретскиот и практичниот дел беа вклучени професорите од областа на заштита на растенијата од Земјоделскиот универзитет во Пловдив, а како гости на проектот беа членовите од Федерацијата на фармери на Р. Македонија, Агенција за развој на земјоделието П.Е. Битола и раководниот тим од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (Земјоделски факултет и Факултет за информатика).