Кристина Цоневска е студентка на Машински факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Кристина Цоневскa: Никогаш не се откажувам
- - Мај 27, 2016

Мојата визија е успехот. Нешто што може да ме влече напред. Како мала сакав да истражувам. Да бидам различен примерок во овој свет. Отсекогаш сум сакала да бидам многу различна од другите, а помалку иста. Кога сите одеа на општествени науки, јас се определив кон нешто друго. Сакав да бидам машински инженер. Тоа го гледав отсекогаш со љубов. Еден ден да бидам жена што ќе придонесе кон поуспешно производство. Бидејќи тоа е наука каде што жените помалку ги има. Без разлика на сѐ, јас имам визија и целам кон успех и просперитет во тоа што го учам. И еден ден ќе го работам и во таа работа ќе бидам успешна. Бидејќи јас не се откажувам. И бидејќи мојот сон е тоа што го студирам и во што ќе се пронајдам себеси.
Одбележен под