(Видео) Студенти од УГД на „Електријада“ во Италија

Студенти од Електротехничкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ неодамна учествуваа на „Електријада 2016“ во Римини, Италија. Тие се претставија во две спортски дисциплини – фудбал и шах, при што се пласираа во на 10. односно 7. место.

Според нивните искажувања, станува збор за одлично искуство и покрај спортските натпревари тие имале можност да воспостават соработка со други универзитети и да се стекнат со пријателства со други студенти и професори од цела Европа.

„Електријада“ е меѓународен настан каде што се собираат студенти од цела Европа и се натпреваруваат во различни дисциплини – главно од научен карактер од областа на електрониката и електротехниката. Но покрај тоа има и спортски настани, при што студентите меѓусебно се забавуваат и натпреваруваат. Оваа година студентите од УГД учествуваа првпат, но според нив, отворија можност за иднините генерации да се вклучат целокупно во учеството на оваа престижна манифестација.

За искуството од Италија во рамките на УГД ТВ и УГД ФМ разговаравме со дел од студентите кои учествуваа во овој настан. Повеќе за тоа погледнете во видеото.

 

 

Последен пат изменето на Понеделник, 30 Мај 2016 15:27
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…