(Видео) Студентите од Правен факултет одржаа симулирано судење за меѓународен предмет

Студентите од Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во рамките на наставната програма по јавно и приватно право одржаа симулирано судење на реален предмет. Судењето беше одржано во судницата на Правниот факултет и беше сосема автентично. Студентите во улоги на судии, обвинители и адвокати сериозно го водеа целото судење.

- Студентите од четврта година на Правосудна насока симулираа главна расправа во редовна парнична постапка од областа на меѓународно трговско право. Станува збор за меѓународен трговски спор во рамките на предметот Меѓународни трговски договори. Сметаме дека преку овие симулации студентите ќе имаат можност да ги совладаат практичните аспекти на правото. Организацијата на овие судски процеси ќе им даде можност покрај теоријата да се запознаат со имплементација на законот и да ги совладаат постапките - изјави професорката на Правниот факултет, доц. д-р Борка Тушевска.

За студентите ова, исто така, е голема можност. Тие се задоволни од можноста да бидат дел од целата оваа практична настава и да се видат себеси во одредени улоги во судницата.

Ова ми е трети пат да учествувам на симулирано судење. По трети пат ја имам улогата на судија. Оваа улога е доста тежок процес во постапката. Станува збор за доста комплексен случај и тука се застапени повеќе договори од трговското право. Симулираните судења нам студентите ни овозможува да видиме како изгледа реален судски процес со реални судски предмети - изјави студентот Иван Николов од Правниот факултет.

Симулирано судење се одржа во судницата на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“, а голем број студенти не само што учествуваа во судењето туку и го следеа како публика.

Последен пат изменето на Понеделник, 06 Јуни 2016 17:51
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…