Сабина Трајкова: Будењето со позитивна мисла ме прави среќна

Практичната работа во Универзитетското радио ми овозможи да се стекнам со големо искуство во однос на она што го учиме на факултет. Тоа што ме привлече да се запишам на овој факултет е што сакам многу да зборувам и да пишувам текстови. Во радиото најчесто снимам емисии за мода, убавина и здравје, како и за туристичките дестинации во светот. Покрај тоа, овие теми ми се омилени и кога станува зборува за моите текстови во студентското списание „Студентско ехо“.

Незаменливо е чувството кога ќе слушнете позитивни коментари за своето  направено дело, а будењето наутро со позитивна мисла во однос на мојата кариера ме прави среќна и ми потврдува дека сум ја избрала вистинската професија во мојот живот.

Вложувајте труд во она што ве прави среќни и така ќе го постигнете посакуваниот резултат.

Сабина Трајкова е студентка на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, отсек Новинарство и односи со јавноста.

Последен пат изменето на Среда, 01 Јуни 2016 09:47
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…