Пингпонгарите на УГД прво место во Суперлигата на Македонија

Пингпонгарите на УГД викендов го освоија првото место во најелитното пингпонгарско натпреварување на Македонија – Суперлигата. Завршниот турнир се одржа во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, а второто место ѝ припадна на екипата Шампиони ФА од Штип, третото место на Работнички од Скопје и четвртото на екипата Вардар од Скопје.

Екипата УГД Студент одигра одлични натпревари и до првото место стигна преку победите над Вардар со 5:3, на Работнички со 5:2 и на Шампиони ФА со 5:2. Со ова екипата на УГД стана прва екипа шампион во историјата на македонскиот пинг-понг која е составена од студенти и е дел од некој универзитет.

Завршниот дел на Суперлигата на Македонија се играше викендов, а беше во целосна организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на Спортскиот центар.

Заслужни за овој голем успех се сите членови на екипата на УГД Студент:  Кристијан Станковски, Петар Костовски, Филип Костадиновски и Игор Саздов, под водство на тренерот Ване Барбареев.

Последен пат изменето на Среда, 08 Јуни 2016 15:33
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…