Летачки автомобили во воздухот на Олимписките игри во Токио

Tим од млади јапонски инженери развива летачки автомобил со цел да се промовира за време за Олимпијадата во Токио во 2020 година.

Футуристичкото возило, наречено SkyDrive, е опремено со три тркала, еден мотор и четири ротори, овозможувајќи му да полетува и да се приземјува вертикално од јавните патишта, без потреба од писта.

Со димензнии 2.9 метри на 1.31 метар, SkyDrive ќе биде најмалиот летачки автомобил во светот, со сѐ уште недефинирана брзина на летање и околу 10 метри над земјата.

Цубаса Накамура, 31 години, води тим од околу 20 инженери и дизајнери од целата автомобилска индустрија во Јапонија за да изгради нова генерација на летечко возило. Целта е да се обезбеди нова форма на личен транспорт за да се избегне нарушувањето што се предизвикува од земјотресите во Јапонија.

Визијата на овој тим е да започне нова ера во која секој слободно може да лета. Тие го развиваат најмалиот летачки автомобил во светот со систем на вертикално полетување и слетување, како и слобода на летање насекаде и во секое време. Господин Накамура се надева дека возилото ќе се изгради без проблеми и дека ќе биде готово за употреба што е можно побргу.

Прототип на летачкиот автомобил со димензии пет пати помали од конечната големина и опремени со приспособени технологијата на беспилотни летала (дронови) неодамна бил тестиран во близина на градот Тојота и лебдел околу три метри над земјата, според извештаите на медиумите.

Господин Накамура пред да почне со развивање на тркачки автомобили студирал машинско инженерство, а овој проект со летачкиот автомобил го започнал во 2014 г., преку создавање на мал прототип со помош на играчка мотор. Првиот прототип со полн обем бил во можност да го изгради минатата година откако успел да собере повеќе од 16.000 фунти.

Трката за лансирање на првиот комерцијален летачки автомобил во светот се вжешти во последниве години, со растечки број на глобални компании кои инвестираат во футуристичката летечка технологија.

Меѓу нив е и AeroMobil, компанија од Словачка која го претстави прототипот со складирачки крила во 2014 година, додека Terrafugia цели да го заврши своето TF-X летечко возило до 2018 година.

Lilium Aviation е германска компанија која, исто така, се надева дека ќе започне со лесен и компактен летачки автомобил, полн со електричен мотор и пилотирачки систем поддржан со компјутер, во текот на следните две години.

Автор на текстот е Славица Стојменова, студентка на Машински факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Последен пат изменето на Понеделник, 13 Јуни 2016 11:16
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…