Повик за сите студенти за учество во студентска конференција

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово организираат студентска конференција во Тетово.

Конференцијата, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го отвори Повикот за студенти за доставување на трудови за Првата научна конференција (наменета за студенти на правните факултети) „Социјална стабилност, владеење на правото и недискриминација“, која ќе се одржи на 3 октомври 2016 година во просториите на Државниот универзитет во Тетово.

Поканети се сите студенти на додипломски студии на правните факултети да учествуваат преку споделување на свои истражувања, идеи и размислувања на различни теми од областа на правото, политичките науки, социологијата, медиумите и
комуникацијата (кои се поврзани со социјалната стабилност, недискриминацијата и владеењето на правото).

Call for papers EN

Call for papers МК

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…