Студентите по француски јазик имаат можност за студиски престој во Ница, Франција

Студентите кои годинава ќе изберат Француски јазик на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе имаат можност да го посетат еден од најубавите градови во Франција – Ница. Станува збор за студиски престој во траење од една седмица во Ница, каде што тие ќе се запознаваат со францускиот јазик и култура.

Студентите кои ќе добијат стипендија ќе посетуваат часови по француски јазик во училиштето „Азурлингва“. Предвидени се и две посети на други атрактивни туристички места, како Кан и Монако.

Заинтересираните студенти можат да добијат повеќе информации кај предметниот наставник Светлана Јакимовска на електронската пошта:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Последен пат изменето на Четврток, 01 Септември 2016 13:21
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…