Станува збор за настан на кој ќе се изработува иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје.
Хакатонот е отворен за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој на софтвер.
За учество на хакатонот треба да се пријавите на следниов линк.
Поднесувањето на електронски пријави започнува од 1.9.2016 година и ќе трае до 15.10.2016 година. Рокот за пријавување може да биде продолжен по одлука на организаторите. Хакатонот ќе трае 24 часа и ќе започне на 3 декември 2016 година (сабота) во 11 часот.
За студентите на УГД деталите ќе бидат споделени на презентација која ќе се одржи на 5 октомври во 12 часот во просториите на Кампус 2 (свечена сала на Земјоделски факултет).
Сите детали можат да се најдат и на веб-страницата http://jsphakaton.mk/.