Студентите на Општа медицина на УГД најдобри на стручниот испит

Одличен успех покажаа студентите од насоката Општа медицина на ФМН на стручниот државен испит, дури 97 % од нив го положија испитот.

Од оваа година запишувањето во петти семестар за студентите на Општа медицина (за генерациите 2014/2015 и понатаму) е условено со успешно полагање на првиот дел од стручниот испит што содржи повеќе од 4.000 прашања од претклиничките предмети на студиската програма Општа медицина. По организираните испитни сесии од страна на Лекарската комора на Македонија во август и во септември, огромен успех на првиот дел од стручниот испит покажаа студентите на Општа медицина на Факултетот за медицински науки при УГД. Имено, 97 % од студентите го положија стручниот државен испит и се стекнаа со право за запишување во петти семестар, согласно со Законот за медицински студии. Покрај тоа, единствениот студент што освои максимални 100 поени на државниот стручен испит е Стефан Коцев од Факултетот за медицински науки при УГД - Штип. Од трите државни универзитети, чии студенти од студиските програми општа медицина го полагаа првиот дел од државниот стручен испит (студентите од Медицински факултет на УКИМ во Скопје, Медицински факултет при Државен универзитет во Тетово и Факултет за медицински науки при УГД во Штип), студентите од Факултетот за медицински науки при УГД во Штип покажаа најдобри резултати и во најголем процент го положија првиот дел од стручниот државен испит.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…