Голем број на признанија за УГД во изборот за спортист на годината на Општина Штип

Годинашниот избор за спортист на годината на Општина Штип донесе голем број награди за спортистите и спортските клубови на Универзитетот „Гоце Делчев“. Покрај спортистите, признанието за поддржувач на спортот му припадна на Универзитетот „Гоце Делчев.

Од спортистите во конкуренција на сениори третото место му припадна на Кристијан Станојковски од Пингпонгарскиот клуб на УГД. Во категоријата младинци третото место ѝ припадна на Тамара Христовска од Одбојкарскиот клуб на УГД, а првото место на Петар Костовски, исто така, од Пингпонгарскиот клуб. Во пионерска категорија Јована Успрцова од одбојкарскиот клуб доби втора награда. За најдобра екипа во колективен спорт е прогласена екипата на пингпонгарскиот клуб на УГД кои беа и актуелни шампиони на Македонија.
Награди им беа доделени и на тренерите.

Тренерот на Одбојкарскиот клуб на УГД Трајче Тасевски ја доби наградата за најуспешен тренер во екипен спорт. Овој клуб минатата година беше младински шампион на Македонија во женска конкуренција.

Манифестацијата „Спортист на годината“ е традиционална и се одржува на почетокот на секоја година во просториите на Општина Штип.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…