Организацијата на овој камп финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа, а договорен орган за спроведување на активностите е Knowledge Center.
Главна цел на кампот е да ги научи младите луѓе од овој регион како да создадат вредности, како да развијат свој сопствен бизнис и како да ги зајакнат своите капацитети за иновации и претприемништво.
Активностите на Кампот ќе бидат од сферата на бизнис, претприемништво, иновации, маркетинг и менаџмент; но и обуки за изработка на професионална биографија, life-skills, како и организирање дополнителни спортски активности (јога, фитнес, аеробик). Покрај обучувачите од Knowledge Center, на кампот ќе учествуваат и успешни претприемачи од регионот кои ќе ги споделат своите приказни со учесниците.
Ако сте: 1) на возраст помеѓу 18-29 години и 2) живеете во некоја од 10-те општини кои го сочинуваат Југоисточен плански регион ја чекаме вашата апликација. Селекцијата на најдобрите 15 кандидати ќе биде според квалитетот на вашиот одговор за идејата која ја имате, областа во која сакате да работите, и проблемот кој сакате да го решите.
Рокот за пријавување е до 20 февруари 2017 г.
За повеќе информации можете да нѐ контактирате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (тел. 071 22 11 32) и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (тел. 078 30 15 40).
Апликацијата може да ја пронајдете на следниот линк http://i-lab.mk/index.php/mk/proekti/247-kamp-za-mladi-inovatori-i-pretpriemach.